Арсенал во недела гостува кај Њукасл во првото коло од овосезонската Премирлига, а во тој двобој менаџерот на „топчиите“ нема да може да смета на услугите на Сеад Колашинац и Месут Озил. Менаџерот оценил дека тие двајца психички не се подготвени.
Причина се неодамнешните проблеми што ги имаа со мафијата. Колашинац и Озил пред неколку недели беа нападнати со ножеви во Лондон, но Босанецот храбро се спротивстави и напаѓачите побегнаа.
Атмосферата со нив во екипата не е најдобра, па Емери одлучи да ги тргне. Неофицијално двајцата фудбалери жестоко се „закачиле“ со улична банда во Лондон, па ангажирале приватно обезбедување во своите куќи.
Полициската истрага за случката се уште трае, напаѓачите не се уапсени.
BREAKING NEWS: Arsenal will be without Ozil and Kolasinac this weekend ? pic.twitter.com/HveSi9zkHX
— Goal (@goal) August 9, 2019