Top Sport

Лукаку предмет на потсмев за „свилениот“ прв допир (видео)

Ромелу Лукаку беше во сензационална форма по трансферот од Манчестер јунајтед во Интер, но еден потег во полуфиналниот меч од Копа Италија против Наполи го направи предмет на потсмев на социјалните мрежи за неговиот катастрофален прв допир со топката.

При резултат 1:1, кој го водеше Наполи во финалето на купот, белгискиот напаѓач доби одлична топка од Брозовиќ во противничкиот шестнаесетник, за целосно да ја загуби контролата.

Дел од фановите на Јунајтед, но и на Евертон веднаш се потсетија на слични ситуации во кои се наоѓал Лукаку.

Scroll to Top