Околу Пол Погба и неговиот „конфликт“ со Жозе Мурињо се напиша многу последните денови, но можеби најсмешната оценка ја даде поранешниот фудбалер Стен Колимор во својата колумна за „Мирор“.
Многу фанови на Јунајтед се разочарани од формата на Погба, бидејќи имаа многу очекувања од човекот кој ја започна кариерата на „Олд Трафорд“, пред да направи име за себе во Јувентус. Дел од оправдувањата се дека Погба мора да игра на левата страна со тројца во средниот ред за да има некаков успех.
Колимор, пак, смета дека формата на Погба е во надолна линија поради не-фудбалски активности.
„Тој може да растури противничка екипа за една минута, да доминира во средниот ред и да ги изеде сите, а потоа да изгледа како рапер со фудбалски дрес, што нормално, не е добро. Обоената коса, големите обетки, видеата на Инстсаграм… Нормално дека потоа ќе те критикуваат. Треба да биде како Кевин де Бројне или Пол Сколс – фудбалери кои се потпишуваа каде што треба и потоа си ја бркаа работата. Да, тој има право да го живее животот како што посакува, но прво мора да има оценка од 9/10 за секој натпревар“, објаснува Колимор.