Одговорниот за судии во ФИФА, легендарниот италијански поранешен судија, Пјерлуиџи Колина вели дека ВАР системот ги „елиминирал“ јасните грешки кои влијаат на резултатот, но вели дека целта никогаш не била да се отстранат сите контроверзи во фудбалската игра и дека никогаш не може целосно да се смени субјективната оценка на судиите.
Технологијата продолжи да прави контроверзи, но со различни образложенија – во Италија дел од клубовите се жалат дека не се користи доволно, додека во англиската Премиерлига забелешката е дека премогу се консултира за секоја мала работа на теренот.
„Целта на ВАР не е да ги елиминира контроверзите, туку да ги елиминира јасните грешки кои влијаат на резултатот и во прогресот на играта. Мислам дека таа цел засега е остварена. На крајот, судијата одлучува дали офсајдот е активен или пасивен, а ВАР само може да го извести за можен офсајд. Интерпретацијата е дел од правилата, и иако ситуациите можеби игледаат слични, нема две идентични. Технологијата помага, но човечкиот елемент не може да се изземе. Истото е и со играњето со рака, се тврди дека е пенал кога раката е крената над рамото, но тоа не мора да биде така. Судијата мора да ја разгледа ситуацијата“, вели Колина во интервју за „Ла газета дело спорт“.