Судскиот видео асистент (ВАР) од воведувањето во употреба во фудбалот предизвика голем број контроверзии, но прославениот италијански судија Пјерлуиџи Колина, кој е на функција претседател на Судскиот одбор на ФИФА е задоволен од ВАР.
„Многу сум задоволен што ВАР засега многу добро функционира. Морам да признаам, направени се неколку грешки, но тоа не смееше да се случи. Жалам поради тоа“ – смета Колина.
Неодамна Меѓународниот одбор на фудбалски сојузи (ИФАБ) воведе нови правила за кои Колина тврди дека ќе доведат до зголемување на флуидноста во играта.
„Новата процедура при голманските исфрлувања во петерецот ја прави играта пофлуидна, а со новите правила за замена на играчите ќе штедиме време“ смета Колина.
Меѓу новите правила кои пролетва беа усвоени се и оние при играњето со рака на одбранбениот играч во шеснаесетникот. Отсега секое играње со рака над висината на рамената ќе се казнува со удар од белата точк, независно дали имало или немало намера.