Top Sport

Црвена Звезда го продаде фудбалерот кој го сруши Ливерпул во Белград

Фудбалерот на белградска Црвена Звезда, Милан Павков го напушта клубот и се сели во Кина. Српскиот фудбалер ќе го засили Џиангси Сунинг, за откупната клаузула изнесува 3 милиони евра.

Звезда му понуди на Павков нов договор со 1 милион евра годишно, но голгетерот се одлучи да замине во Кина.

Тој во Белград дојде за 300.000 евра, а минатата сезона експлодираше во „црвено-белиот“ дрес.

Натпреварот на неговата кариера го одигра на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, кога на Звезда гостин и беше тимот на Ливерпул. Павков беше стрелец на два гола за Звезда против Ливерпул кој потоа стана европски шампион.

Scroll to Top