Новиот тренер на Челси, Маурицио Сари е препознатлив по својата напаѓачки ориентирана стратегија, но и по страста кон цигарите, што му предизвика многу проблеми во Англија, кадеш то на стадионите не е дозволено пушењето.
Британскиот веб-сајт „Џо“, направи мало „едукативно“ видео за порокот на Италијанецот, во кое можеме да видиме дека: Сари пуши 80 цигари (4 кутии) дневно, или 12 минути меѓу цигара, дека пуши речиси 30.000 цигари годишно, или 22 кила тутун!
Проценката (која секако е на шега), вели дека тој потрошил речиси 400.000 фунти во кариерата, доволно да ја исплати платата на Еден Азар речиси две недели!
Maurizio Sarri smokes HOW many cigarettes a year?! ?? pic.twitter.com/qDnN3k6Gg3
— JOE.co.uk (@JOE_co_uk) August 22, 2018