Top Sport

Јунајтед ќе платат 35 милиони евра за замената на Солскјер?

Оле Гунар Солскјер добро го започна тренерскиот мандат во Манчестер Јунајтед, забележа 14 победи на 19 натпревари во сите конкуренции, што ги натера челниците на клубот да му понудат тригодишен договор.

Еуфоријата од неколкуте добри резултати исчезна со почетокот на новата сезона. Јунајтед имаат само две победи во Премиер лигата, но покрај лошите резултати челниците се загрижени од играта што ја прикажуваат играчите на теренот,

Јасно им е дека со Солскјер на клупата ќе им биде тешко да го вратат клубот на победничките патеки.

Прашање на денот е кога Норвежанецот ќе добие отказ, а медиумите тврдат дека на „Олд Трафорд“ веќе ја нашле неговата замена.

Маурицо Покетино, слично како Солскјер, има лош почеток на сезоната со Тотенхем. Не крие дека е незадоволен од потезите што ги влечел претседателот Даниел Леви во летниот преоден рок.

Аргентинецот минатата сезона потпиша нов петгодишен договор со Тотенхем, а доколку Јунајтед имаат планови со него, најпрвин ќе мора да го исплатат неговиот договор кој изнесува 35 милиони евра.

Сепак оваа операција доколку воопшто се случи нема да биде лесна за „црвените ѓаволи“ бидејќи според шпекулациите на шпанските медиуми Покетино за тренер го сакаале и во Реал Мадрид.

Scroll to Top