Крис Колмен веќе не е селектор на Велс, и ќе биде новиот тренер на второлигашот Сандерленд, јавуваат британските медиуми.
Колмен се согласил да застане на чело на Сандерленд, кои оваа година испаднаа од Премиер лигата со цел експресно враќање во елитата. Сандерленд се без тренер откако го отпуштија Сајмон Грејсон минатиот месец по само една победа во првите 16 лигашки мечеви со што беа последни на табелата.
Колмен, кој е на клупата на Велс од 2012 година, ги предводеше Велшаните до полуфиналето на Евро 2016, првиот голем турнир од 1958 година, но не успеа да ги квалификува на СП во Русија.
47-годишниот Колмен претходно беше тренер на Фулам и Ковентри Сити, а на кратко работеше и во Реал Сосиедад во Шпанија и во АЕЛ Атина во Грција.