Белгискиот фудбалер Луис Опенда, во следните часови треба да стане нов играч на Јувентус.
Според Фабрицио Романо, Лајпциг му дозволил на својот напаѓач да отпатува во Италија на медицински прегледи откако постигнале договор со тимот од Торино.
„Старата дама“ треба да плати отштета во износ од нешто повеќе од 40 милиони евра. Во новиот клуб, тој репрезентативецот на Белгија ќе заработува четири милиони евра годишно.
Трансферот на Опенда му ја затвори вратата на Рандал Коло Муани, кој во вториот дел од минатата сезона играше на позајмица во Јувентус. Иако играчот на Пари Сен Жермен беше нивниот прв избор, неколку пречки стоеја на патот. Французите не беа спремни да прифатат пофлексибилен аранжман што би му одговарал на Јувентус, проблемот беше финансискиот фер-плеј, како и желбата Душан Влаховиќ да остане.
Влаховиќ треба да остане во Јувентус и да влезе во последната година од неговиот договор, а се шпекулира дека му е понуден нов. Многу помала, според која би заработувал седум милиони евра годишно. Би била фиксна за три години, а во договорот би имал откупна клаузула од 25 милиони евра.
Фото/ Принтскрин