Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани ќе ја одбие понудата од Манчестер јунајтед и би сакал да се пресели во Баерн Минхен, тврдат германските медиуми.
24-годишниот Французин е во одлична форма во 2022/23, постигнувајќи 22 гола и 15 асистенции во 43 настапи за германскиот клуб, привлекувајќи голем интерес од премиерлигашки клубови. Според „Спорт 1“, Коло Муани е подготвен да ги одбие и Манчестер јунајтед за да добие шанса во Баерн, кои подолго време бараат замена за Роберт Левандовски.
И Манчестер јунајтед се во потрага за напаѓач, со Хери Кејн како главна цел пред летниот преоден рок, иако не е јасно дали тој ќе реши да остане и во последната година од неговиот договор со Тотенхем.