Top Sport

Коло Муани со ветување за фановите на ПСЖ: Подготвен сум да загинам за овој дрес

Новиот напаѓач на Пари Сен-Жермен, Рандал Коло Муани вели дека е „подговен да загине за овој дрес“, по драматичниот трансфер од Ајнтрахт Франкфурт за 90 милиони евра.

Францускиот репрезентативец го запечати трансферот во последниот ден од преодниот рок, откако ПСЖ се согласи да плати 75 милиони евра и 15 милиони евра бонуси на бундеслигашот, иако се веруваше дека овој трансфер пропаѓа во последните моменти. Сега, тој вели дека навивал за ПСЖ од своето детство и сака тоа да го докаже на навивачите.

„Знам дека клубот сака да крене многу трофеи и мислам дека сум подготвен да помогнам на своите соиграчи колку што можам. Секогаш давам максимум на теренот, а сега сум подготвен да загинам за овој дрес. ПСЖ е клуб за кој навивам од моето детство бидејќи пораснав таму. Париз е мојот роден град и секогаш е убаво да се вратиш каде што ќе играш за клубот кој го сакаш. Горд сум што сум тука“, вели Коло Муани.

Scroll to Top