Top Sport

(Видео) Црногорците пропуштија победа против Литванија во 94. минута

Фудбалската репрезентација на Црна Гора не успеа да издржи за победа на гостувањето во Литванија, одигрувајќи само 2:2 во меч од квалификациите за Европското првенство во 2024 година, поен кој може да значи многу во неизвесната група Г.

Домаќините, кои освоија само еден поен во првите три меча од квалификациите, дојдоа во водство во 71. минута од мечот со голот на Гитис Палаускас, по што напаѓачот на Лече, Никола Крстовиќ израмни седум минути подоцна откако претходно му беше поништен гол на почетокот на второто полувреме. Ветеранот на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ со голот во 89. минута најави победа за Црна Гора, но во 94. минута од мечот, Фјодор Черних донесе поен за домаќините.

Вечерва, во дербито на групата, Србија ја пречекува Унгарија.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top