Играчот од средниот ред на Колумбија, Едвин Кардона може да добие казна од ФИФА по наводниот расистички гест при расправија со играчите на Јужна Кореја на пријателскиот натпревар.
Домашниот тим стигна до 2:1 победа благодарение на двата гола на Сон Хеунг Мин, а Кристијан Запата само го намали водството на Корејците.
Сепак, главната приказна во Кореја беше гестот на 24-годишниот Кардона, кој игра во Бока јуниорс, кој ги закоси очите во гест кон домашните играчи.
Edwin Cardona has caused outrage after making an alleged racist gesture during Colombia’s clash against South Korea. ??
(Courtesy of MBC) pic.twitter.com/8NhcthKOI1
— Goal (@goal) November 10, 2017
Тренерот на Колумбија, Хозе Пекерман не сакаше да зборува за инцидентот на прес-конференцијата.
„Не го забележав тоа и не можам да коментирам. Ова е физичка игра. Работите се случуваат“, вели Пекерман.
Колумбија и Јужна Кореја се пласираа на Светското првенство во Русија во 2018, така што можно е да добијат шанса за ри-меч.