Колумбискиот амбасадор во Обединетото Кралство се пожали дека насловната страница на најтиражниот англиски весник „Сан“ е неприфатлива, откако на неа се појави инсинуација за трговијата со кокаин пред вечерашното осминафинале против Англија.
На насловната страница на „Сан“ стои: „Пред трите лава да се соочат со нацијата која на светот им ги даде Шакира, фантастично кафе, и, ем… други работи, ние велиме ’Напред Кејн’“.
„Мислам дека е тажно што искористија толку свечена и пријателска атмосфера на едно Светско првенство да тргнат во инсинуации кон една земја за нешто што нема ништо поврзано со спортот. Почитта, фер-плејот и радост за фудбалот е единствено нешто што треба да биде важно денеска. Ние ќе навиваме за Колумбија“, изјави амбасадрото Нестор Осорио Лондоњо.
Тој исто така предвиде дека ќе има многу голови и дека Колумбија ќе победи со 3:2.
Од „Сан“, велат дека немале ништо против Колумбија.
„И ние, како амбасадорот, сакаме добар натпревар против голема фудбалска нација. Насловната страна требаше да биде сфатена со мала доза на хумор. Се надеваме дека колумбиската индустрија на кафе ќе добие поттик од тоа“, велат од „Сан“.
Фото: ЕПА/Сан