Top Sport

Комбинација Мбапе-Нејмар, ПСЖ го доби францускиот „класик“

Пари Сен-Жермен се одвои на три поени од најблискиот ривал и на шест поени пред лутиот ривал Олимпик Марсеј по 1:0 победата во големото француско дерби благодарение на голот на Нејмар.

Иако се веруваше дека Лео Меси ќе паузира поради повреда, Аргентинецот беше во стартниот тим заедно со Нејмар и со Килијан Мбапе и тој прво се закани со фантастичен обид од слободен удар, кој заврши во пречката во првото полувреме. Отпорот на гостите беше скршен во 45. минута, кога Мбапе имаше одлично истрчување и лесно го пронајде Нејмар, кому не му беше тешко да го совлада дотогаш одличниот Пау Лопез на голот.

Работата стана полесна за тимот на Кристоф Галтие кога во 72. минута од мечот, дефанзивецот на Марсеј, Самуел Жиго доби црвен картон, но до крајот на мечот не успеаја да го зголемат водството.

ПСЖ сега има 29 поени на врвот на табелата, пред Лориен (26), Ленс (25) и Марсеј (23) по 11 одиграни кола.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top