Воска Спорт го совлада Вардар со 2:1, во дерби натпреварот одигран во Втората лига – Запад.
Навивачите на Вардар разочарани заминаа од стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. По мечот се огласија преку својата страница на „Фејсбук“, побараа реконструкција.
„Реконструкција. Ова не е тој Вардар заради кој што дојдовме и покрај сите забрани!“. објавија „Комити“.
Со овој пораз Вардар си ги намали шансите за враќање во Првата лига. Црвено-црните се трети на табелата со 20 бода, пет помалку од Воска Спорт. Далеку пред нив на врвот е Силекс со 34 бода.
Фото/facebook.com/FKVardarSkopje/