Top Sport

Комо и Монца имаат најбогати газди во Италија

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најбогатите сопственици на фудбалските клубови во Италија. На првите две места се газди на клубови од Серија Б.

Најбогати газди има Комо. Овој клуб се наоѓа во сопственост на семејството Хартоно од Индонезија. Богатството на браќата Роберт и Михаел е проценето на 45 милијарди долари.

На второто место е поранешниот газда на Милан, Силвио Берлускони. Богатството на Берлускони, според „Форбс“ изнесува 7 милијарди долари. Берлускони е сопственик на Монца.

На третото место е Фиоренитна. Богатството на Роко Комисо е проценето на 6 милијарди долари.

На оваа листа Милан е на шестото место. Сопственикот Пол Сингер поседува богатство од 4,3 милијарди долари. Јувентус, односно газдата Џон Еклан располага со богатство од 2 милијарди долари.

Интересно газдите на Интер не се меѓу првите 10 во Италија.

Scroll to Top