Менаџерот на Барнли, Венсан Компани, изјави дека наредниот месец точно ќе знае кога македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе му се врати на фудбалот.
Лурлинов на почетокот на јуни, преживеа вистнска драма. Поради сепса тој беше хоспитализиран во Белград.
„Закрепнувањето на Дарко е вистинско чудо. Бевме подготвени за најлошото сценарио, дека долго ќе отсуствува. Се уште не можам прецизно да кажам кога ќе се врати, но ако продолжи вака тоа ќе биде многу брзо“, рече Компани.