Top Sport

Компани детектирал три големи проблеми, неговиот Баерн ќе игра агресивно и храбро

Новиот тренер на Баерн Минхен, Белгиецот Винсент Компани (38) најави дека од своите играчи ќе бара апсолутна агресија и храброст. Компани во средата беше именуван за нов тренер на Баерн, дојде на местото на Томас Тухел, кој замина по заедничка согласност по само 14 месеци и сезона во која Баварците за првпат по 12 години останаа без трофеј.

Ден по потпишувањето на договорот, Компани пред новинарите ја претстави својата визија како треба да изгледа Баерн .

„Сакам играчите на Баерн да бидат храбри на топката, да покажат карактер. Сакам тимот да биде агресивен, да ги претставува тие две работи“, рече Компани на прес-конференција во четвртокот.

Компани ја започна својата тренерска кариера во Андерлехт, а во последните две сезони раководеше со Барнли. Со тимот избори промоција во Премиер лигата, но оваа сезона експресно се врати во Чемпионшип.

Белгиецот имаше договор со Барнли до 2028 година, па Баерн мораше да му плати обештетување на англискиот клуб. Според проценките на англиските и германските медиуми, висината на обештетувањето е меѓу 10 и 12 милиони евра.

„Јас пораснав на улиците на Брисел, бев во академијата на Андерлехт каде од шест до 20 години треба да освоиш сè“, истакна Копмапни.

Компани има репутација на интелигентен, детален и остроумен човек, раскажа Георг Холцнер, новинар на Кикер.

Тој пишува: „За време на кратките преговори со Макс Еберл, членот на одборот задолжен за спорт и спортскиот директор Кристоф Фројнд, Компани со експресна анализа дојде до истиот заклучок како Томас Тухел кога го презеде тимот пред една година и Ралф. Рангник кога пред еден месец преговараше со челниците на Баерн.

Компани откри и спомна дека Баерн има три големи проблеми: Има премногу играчи во тимот кои не се на нивото на Баерн. Недостасува лидер. Потребна е нова кичма на тимот. Овие три главни проблеми мора да ги поправат Компани и Еберл. Баерн сака да ја заврши работата на пазарот и да го комплетира составот за следната сезона најдоцна до крајот на Европското првенство, односно до средината на јули“.

Scroll to Top