Top Sport

Компани го „прибра“ Самир Насри во Андерлехт

Самир Насри повторно ќе биде заедно со својот поранешен соиграч од Манчестер сити, Винсен Компани, откако Французинот потпиша договор со белгискиот Андерлехт.

Насри беше ослободен од Вест хем на крајот на минатата сезона откако тие ми дадоа краткорочен договор, а сега во клубот од Брисел, каде што Компани се врати како фудбалер и тренер, тој потпиша 12-месечен договор со опција за уште една година.

„Добив многу големи понуди, но на крајот го избрав Андерлехт со голема убеденост. Сакам да му помогнам на Винсен и на клубот да успеат во новата ера. Тој ми беше соиграч во Сити од 2011 до 2017 година и добро го познавам и знам каков проект има пред себе“, вели Насри.

Scroll to Top