Top Sport

Сосиедад го потврдија доаѓањето на Одегард

Реал Сосиедад го добија младиот напаѓач на Реал Мадрид, и еднаш фудбалерот кој беше сметан за најголем талент на светот, Мартин Одегард на едногодишна позајмица.

20-годишниот Норвежанец последните две години ги помина во холандската Ередивизие, првата сезона во Херенвен и лани во Витесе. Сега, Реал смета дека најдобро е тој да се „навикне“ на играта во Ла лига, каде што подобро ќе го следат неговиот развој.

Норвежанецот ќе биде презентиран на „Аноета“ во недела попладне со четирите нови засилувања на баскискиот клуб. Реал Мадрид исто така го пратија Серхио Регујон на едногодишна позајмица во Севилја.

Scroll to Top