Top Sport

Компани не сакал Де Лихт да биде продаден

Холандскиот дефанзивец, Матијс де Лихт од Баерн се пресели о Манчестер јунајтед за 45 милиони евра. Де Лихт, минатиот викенд дебитираше во дресот на новиот клуб. Одлуката околу трансферот ја донеле челниците на Баерн покрај желбата на тренерот Венсан Компани, Холанѓанецот да остане во Минхен.

Како што објави „Атлетик“, Компани остро се спротивставил на заминувањето на поранешниот дефанзивец на Ајакс, но желбата клупските челници не сакале да го прифатат неговото мислење.

Компани, кој летово ги презеде Баварците, наводно пред трансферот му рекол на Де Лихт дека тој е „неговиот прв избор и дефанзивец број еден“.

Освен Компани, ниту мнозинството навивачи не сакале Де Лихт да биде продаден, 70.000 од нив потпишаа петиција против неговото заминување.

Сепак, управата не ги исполни желбите на Компани, па реши да го продаде Холанѓанецот поради „лошата дистрибуција на топката со неговата послаба нога“.

Де Лихт веруваше дека има заслуга во клубот затоа што беше избран за играч на месецот во март и април претходната сезона, а исто така сметаше дека повредите на коленото биле главната причина што немал поголема минутажа минатата сезона.

Сфаќајќи дека управата сака да се ослободи од него, Де Лихт брзо го прифати повикот од поранешниот менаџер Ерик тен Хаг.

Scroll to Top