Top Sport

Компани: Сити мора да учат од колапсот на Јунајтед во 2012

Капитенот на Манчестер сити, Винсен Компани го предупреди неговиот тим и навивачите дека треба да ја научат лекцијата од Манчестер јунајтед и нивниот колапс во текот на сезоната 2011/12 и да не се опуштаат премногу.

Јунајтед тогаш имаа осум поени предност на табелата, пред да загубат два натпревари и одиграат нерешено уште еден во последните шест кола за да дозволат Манчестер сити да ја освои титулата во последното коло.

Компани, кој беше клучен играч во драматичниот кам-бек на Сити пред шест години, вели дека слична ситуација може да се случи и оваа година иако Сити има 12 поени предност на табелата.

„Не знам дали сите се сеќаваат, но бевме на шест натпревари пред крајот и губевме осум поени, така што мораме да бидеме многу, многу внимателни. Одиме напред и никој не смее да помисли дека  сме ја завршиле работата. Кога сме во ваква низа, мораме да мислиме само на следниот натпревар“, вели Белгиецот.

Scroll to Top