Top Sport

Компани со Барнли против Сити во ФА купот

Клубовите од Манчестер, Јунајтед и Сити ќе бидат домаќини во четвртфиналните натпревари во ФА купот.

Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, за противник ќе го има Фулам, кој игра одлично оваа сезона.

На Манчестер сити на гости ќе му дојде Барнли, на чија клупа седи легендата на „граѓаните“, Венсан Копмани. Барнли, чии дрес го носи Дарко Чурлинов е најдобриот тим во Чемпионшип дивизијата.

Извесно е дека барем еден тим од Чемпионшип ќе игра во полуфиналето, бидејќи ждрепката во четвртфиналето ги спои Шефилд Јунајтед и Блекбурн.

Најголемото изненадување, четвртолигашот Гримсби, по сензационалната победа над Саутемптон, повторно гостува на југот на Англија, противник ќе му бие Брајтон.

Четвртфинални двојки од ФА Купот:

Манчестер Сити – Барнли
Манчестер Јунајтед – Фулам
Брајтон – Гримсби
Шефилд Јунајтед – Блекбурн

Натпреварите ќе се одиграат на 18. и 19.март.

Scroll to Top