Top Sport

Компилација на сите утки на Вернер во дресот на Челси

Еден навивач на Челси комбинираше интересно видео во кое се прикажани сите промашувања на Тимо Вернер откако клубот од „Стемфорд бриџ“ плати 47.5 милиони фунти на РБ Лајпциг за неговиот трансфер.

Вернер имаше 32 гола а Лајпциг минатата сезона, но во западен Лондон не му оди најдобро – има четири гола во 11 меча, и беше виновен за едно од најголемите промашувања оваа сезона против Лидс во саботата. Тогаш 24-годишниот Германец несфатливо ја „извади“ топката од голот по ударот со глава на Оливие Жиру.

Сепак, да бидеме фер, прилагодувањето на играта во Премиер лигата е нешто што на многу големи ѕвезди им одело дури и потешко.

Scroll to Top