Фудбалскиот клуб Ливерпул го договори првиот трансфер во летниот преоден рок. „Црвените“, се договориле со дефанзивецот на лајпциг, Ибрахим Конате.
Според медиумите, претпладнево, 21-годишниот фудбалер успешно ги минал лекарските тестови. Ливерпул наскоро ќе го официјализира трансферот.
Во овој случај, Лајпциг, не можат да реагираат, бидејќи Ливерпул ја активирале откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.
Лајпциг, за наредната сезона, ќе мора да најде нова штоперска двојка, бидејќи партнерот на Конате, Дајот Упамекано, кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен.