Фудбалерот на Валенсија, Жофри Кондогбија (25) реши да го смени спортското државјанство. Во иднина тој ќе игра за националниот тим на Централно-африканската република.
Кондогбија во кариерата ги минал сите младински категории во француската репрезентација, дури има и пет настапи за сениорскиот тим на „триколорите“.
Последен пат тој настапил за Франција пред три години, а бидејќи нема назнаки дека ќе биде повикан во репрезентацијата решил да ја прифати понудата на земјата од каде потекнуваат неговите родители.
Во иднина тој ќе игра за Централно-африканската република. Кондогбија вчера се приклучил на подготовките на репрезентацијата.
Централно-африканската република во квалификациите за пласман на Африканскиот куп се наоѓа во група со Гвинеја, Руанда и Брегот на Слонова коска.