Top Sport

Конечно! Англиското лига-куп финале Сити-Тотенхем пред 8.000 гледачи

Финалето од Карабао купот помеѓу Тотенхем и Манчестер сити ќе биде поседено од околу 8.000 навивачи по потврдата дека тој меч ќе биде еден од тест-настаните за безбедно враќање на навивачите на стадионите и покрај пандемијата на КОВИД-19.

Како дел од програмата, 8.000 навивачи ќе бидат пуштени на фудбалскиот храм „Вембли“ на 25 април, и се очекува двата клуба да добијат по 2.000 билети, а остатокот да биде резервиран за локалните жители и за здравствените работници.

Второто ФА куп полуфинале помеѓу Лестер и Саутемптон на 18 април исто така ќе биде дел од програмата со 4.000 луѓе, а се очекува ФА куп финалето на 15 мај, исто така на „Вембли“ да биде посетено од околу 21.000 луѓе.

Покрај фудбалот, Светското првенство во снукер на „Крусибл“ во Шефилд од 17 април до 3 мај ќе биде дело пилот-програмата. Приоритет за билетите ќе биде тоа кој е вакциниран, кој има близок негативен тест на вирусот, или има „природен имунитет“ со позитивен тест во претходните шест месеци.

Scroll to Top