Top Sport

Конечно договор? Санчо во Јунајтед за 85 милиони евра

Договорот кој се очекува повеќе од една година, најверојатно е пред комплетирање, откако „Атлетик“ објави дека Борусија Дортмунд ја прифатиле понудата на Манчестер јунајтед за трансфер на Џејдон Санчо за првични 85 милиони евра.

„Ѓаволите“ повеќе од една година го бркаат трансферот на поранешниот фудбалер од академијата на градскиот ривал Манчестер сити, кој направи големо име во Бундеслигата и беше еден од најпосакуваните млади фудбалери.

Според повеќе извори, 21-годишниот Санчо, кој е дел од англиската репрезентација која настапува на ЕУРО 2020, ќе оди на медицински прегледи следните неколку дена, пред официјално да пристигне на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top