Top Sport

Конечно, и во Премиер лигата пристигнува ВАР

Клубовите од Премиер лигата се сложија од следната сезона и во најбогатата лига на светот да се користи ВАР (Video assistant referee) системот за помош на судиите, веќе од следната сезона (2019/20).

За да се имплементира системот, Премиер лигата ќе мора да побара од Интернационалниот борд на фудбалски асоцијации (ИФАБ) и Светската фудбалска федерација (ФИФА), а останува да се види во каков формата ќе биде обезбеден и во Англија.

Ова доаѓа откако, ВАР системот минатата сезона неколку пати се користеше на мечеви од ФА купот и Лига купот.

ФИФА го имплементираше ВАР на Светското првенство во Русија, каде што се „разјаснија“ многу работи за гледачите, но останаа и дел од контроверзните одлуки, кога судиите едноставно решаваа да не го користат системот. Покрај тоа, ВАР веќе втора сезона се користи во Серија А во Италија и во Бундеслигата во Германија.

Scroll to Top