Top Sport

Со еден гест Нуркиќ го нарече Леброн плачко (Видео)

Реакцијата на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, со која сака да покаже дека Леброн Џејмс е плачко, стана хит на социјалните мрежи.

Јурикиќ со Портланд Трејлблејзерс, изминатата ноќ, гостуваше во Лос Анџелес кај Лејкерс. Домаќините славеа со 126:117, а Леброн Џејмс постигна 44 поени и се искачи на петтото место на вечната листата на најдобрите стрелци.

Во текот на мечот, а и во минатото, „Кралот Џејмс“ и Нуркиќ имаа жестоки дуели, поради што центарот на Портланд реагираше откако Леброн театрално падна по прекршокот што го направи Си-Џеј Мекалум.

Со гестикулацијата како ги брише солзите Нуркиќ го нарече Леброн плачко.

Scroll to Top