Лионел Меси стави крај на месеците шпекулации околу неговата иднина со потпишување на нов договор со Барселона со кој ќе остане во Каталонија барем до крајот на сезоната 2020/21. Договорот има откупна клаузула од фантастични 700 милиони евра.
Се верува дека сега Меси ќе има неделна плата од 550.000 евра и ќе добие 90 милиони евра бонус за потписот.
Аргентинецот помина 14 сезони во Барселона и на крајот на договорот ќе има 17 години во каталонската гордост, откако дебитираше за тимот на само 17 години против Еспањол во октомври 2004 година.
He made his debut 4,788 days ago.
He has played 602 games.
He has scored 523 goals.
He has won 30 trophies.
The story continues.#Messi2021 pic.twitter.com/XPdIhvaqgI— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 25, 2017
30-годишниот Меси беше поврзуван со трансфер оваа сезона, со Манчестер сити и Пари Сен-Жермен како можни дестинации, а и самиот не помогна многу да сопрат шпекулациите со одолжувањето на потписот. Покрај тоа, тој неодамна изјави дека би сакал кариерата да ја заврши со клубот од детството, Њуелс олд бојс.
Со Барселона, Меси има осум титули од Ла лига, четири од Лигата на шампионите, пет од Копа дел Реј, седум шпански суперкупови, три европски суперкупови и три титули од Светското клупско првенство. Покрај тоа, тој пет пати ја освои „златната топка“, четири пати „златната копачка“ и останува најдобар стрелец во историјата на Барселона со 523 гола во 602 настапи.
Оваа сезона тој е во фантастична форма, и во првите 19 меча има 16 гола во сите натпреварувања, а во шпанската лига имаат четири поени предност пред Валенсија и 10 поени пред Реал Мадрид.