Top Sport

Конечно победа за Самп, обезбедена во 91. минута (видео)

Сампдорија, конечно, се „мрдна“ од последното место во Серија А, откако во дуелот на два нископласирани тимови со 1:0 на гости го совлада СПАЛ, тим кој сега го има „фенерот“.

Поранешниот гигант од Џенова имаше катастрофален старт на сезоната под водство на екстренерот на Рома, Еузебио ди Франческо пред на средината на минатиот месец на клупата да дојде Клаудио Раниери, но ниту тој не успеа да ги „мрдне“ од дното.

Овојпат, Џанлука Капрари во 91. минута доби одлична асистенција со глава од Рамирез и самиот со глава ја смести топката во мрежата на Етрит Бериша.

Со оваа победа, втора оваа сезона, Самп сега е на 18. место на табелата со ист број на поени (8) како и 17-пласираниот градски ривал Џенова, додека СПАЛ се последни со 7 поени.

Scroll to Top