Top Sport

Конференциска лига: Струга Трим Лум ја елиминира Будуќност, Марјан Радески постигна хет – трик

Македонскиот првак Струга Трим Лум триумфираше со 4:3 на гостувањето против Будуќност во Подгорица и се пласира во третото квалификациско коло од Конференциската лига каде ќе се сретне со Есперанж, клуб од Луксембург. Стружани отпатуваа со минимална предност од првиот меч, но во Подгорица докажаа дека се поквалитетен тим од Будуќност.

Блескаше Марјан Радески кој постигна хет-трик, а погоди и Бесарт Ибраими.

Будуќност поведе во седмата минута, кога Ѓуричковиќ ефективно ја затресе мрежата на Струга ТЛ по корнер.

Четири минути подоцна стружани одговорија на ист начин, а стрелец беше Марјан Радески.

Стружани направија пресврт во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме, а повторно стрелец беше Радески.

Имаше големо продолжение во првиот дел, па во осмата минута од надополнувањето, Василије Аџиќ погоди од слободен удар од околу 25 метри и израмни на 2:2.

Во второто полувреме Струга ТЛ го декласираше Будуќност.

Бесарт Ибраими во 66.минута беше прецизен од далечина и донесе пресврт во корист на Будуќност, а во 74.минута Марјан Радески комплетираше хет-трик, по слаломот на Буњамин Шабани.

Петар Секуловиќ во 82.минута намали на 3:4, но Будуќност немаше сили да избегне и втор пораз од македонскиот шампион.

Scroll to Top