Нејмар и Килијан Мбапе за малку ќе имаа физичка пресметка минатиот месец откако го совладаа Монпеље во второто коло од францускиот шампионат, објавија француските медиуми, објаснувајќи дека причината е кавга околу тоа кој треба да го изведе пеналот.
Специјализираниот фудбалски портал „goal.com“, пишува и за лошиот однос на двете ѕвезди на ПСЖ.
„И покрај неодамнешните разговори и тимскиот состанок, Нејмар сè уште го обвинува Мбапе за непотребната драма околу пеналот и верува дека тој е виновен за конфликтот. На Мбапе му пречи зголеменото влијание на Нејмар во соблекувалната, додека Нејмар мисли дека Мбапе е себичен и надвор од теренот“.
„Нејмар беше лут што Мбапе тргна кон голот на Јувентус минатата недела и промаши наместо да му додаде. Нејмар е загрижен дека ситуацијата може да ескалира во соблекувалната, а Серхио Рамос беше човек на кого може да му верува во последните недели. И двајцата го слушаа тренерот Кристоф Галтиер, кој им рече да се однесуваат добро пред камерите“, заклучува „goal.com“.