Франческо Тоти ја објави својата нова автобиографија „Ун капитано“, во која има интересни делови за конфликтот со сегашниот тренер на Интер, Лучано Спалети, кој сепак го опишува како „голем тренер, можеби најдобриот во мојата кариера“.
Конфликтот на Тоти со Спалети почна околу една партија карти, и тоа што беше шпекулација во италијанските медиуми сега е потврдено во книгата.
„Спалети беше одличен на двапати за Рома. Кога беше тренер првпат, беше вистински за мене, бидејќи можевме да отидеме на вечера и да зборуваме слободно без страв да го искажеш мислењето. Организиравме партија ’брискола’ (италијанска игра со карти) на крајот на сезоната, и се заборавивме. Кога некој тропна на вратата сфативме дека 5.30 часот наутро. Кога ја отворив вратата, таму беше Спалети со прстот кон часовникот. ’Знаеш ли колку е часот?’. Му одговорив: ’Шефе, ќе победиме утре и така’. Но, тој не попушти, ме истурка и влезе во собата. Ги виде Стефано Окака, Алберто Аквилани и Алесандро Роси, а знаеше дека има и некои кои се кријат во тоалетот. Тогаш многу се налути и побара од Росела Сенси да продаде некој од нас за казна. Неговата фобија од картите придонесе за моето пензионирање и контроверзите“, открива Тоти.