Турскиот клуб Коњаспор го поништи договорот на поранешниот камерунски репрезентативец Самуел Ето со взаемна согласност.
Поранешниот освојувач на Лигата на шампионите дојде во Коњаспор оваа година од Анталијаспор во исто време со македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ и помогна да опстанат во лигата со пласман на 15. место. Во четири години во Турција, 37-годишниот ветеран одигра 91 натпревари и постигна 50 голови.
Ето, кој во кариерата играше во Шпанија, Русија, Англија и Италија, најголемите успеси ги имаше во Барселона од 2004 до 2009 година, освојувајќи три титули од Ла лига и две од ЛШ. Тој исто така освои ЛШ со Интер под Жозе Мурињо во 2010 година, а има и олимписко злато со Камерун во 2000 година.
Останува да се види дали некој клуб ќе е заинтересиран за ветеранот.
Samuel Eto’o Atiker Konyaspor’umuza veda ettihttps://t.co/cIpgknvTkP
— Konyaspor TV (@KonyasporTVorg) August 3, 2018