Top Sport

Конкуренција за Пјонтек, Андре Силва се враќа во Милан (фото)

Португалскиот напаѓач, Андре Силва потврди дека заминува од Севилја и се враќа во Милан. Фудбалерите на миланскиот клуб во последното коло се надеваат на услуга од Сасуоло или Емполи нагости кај Аталанта, односно Интер за да можат идната сезона да се натпреваруваат во Лигата на шампионите.

Сепак, едно од првите засилувања е враќањето на Португалецот од позајмицата во Севилја.

Фудбалерот од кој Милан се откажа и го прати на позајмица во Андалузија на 27 меча во дресот на шпанскиот клуб постигна 9 гола, а имаше и 2 асистенции.

Силва на Инстаграм се прости од навивачите на петкратниот освојувач на Лигата на Европа.

„Завршува уште една сезона. Фала Севилја за неверојатниот прием за добредојде. Го сакав духот на клубот и на градот.
Се надевам дека иднината ќе донесе убави работи“ – напиша фудбалерот на социјалната мрежа.

Иако за Силва интересирање покажа премиерлигашот Вулверхемптон, сепак се очекува дека директорот на „Росонерите“, Леонардо сега ќе му укаже доверба на Португалецот и во тандем со Пјонтек ќе сочинуваат голем адут за наредната сезона.

Scroll to Top