Top Sport

Миливоевиќ од Палас сезонава истрчал 447 километри во Премиерлигата (фото)

Фудбалерот на Кристал Палас, српскиот интернационалец, Лука Миливоевиќ сезонава во Премиерлигата истрчал најмногу. Освен тоа што капитенот на Палас ги одигра буквално сите минути на 38-те меча, тој претрчал вкупно 447,1 километар.

За потсетување, освен Миливоевиќ, сезонава сите минути на 38-те премиерлигашки натпревари ги одиграа и стоперот на Барнли, Бен Ми, како и дефанзивецот на Вулверхемптон, Конор Коади.

Втор на листата со најмногу истрчани километри на натпреварите сезонава е Џек Корк од Барнли со претрчани 445,6 километри. На третата позиција на оваа табела се најде Жоржињо од Челси со 418,8 километри.

Четвртата позиција му припадна на Вилфред Ндиди од Лестер со 408,3 километри, а првата петка ја затвора брзоногиот фудбалер на Челси, Нголо Канте со точно 407 километри.

Потоа на листата во најдобрата десетка во Премиерлигата се уште Цесар Аспиликуета (Челси) со 403,3, Џејмс МекАртур (Кристал Палас) со 402,6, Гилфи Сигурдсон (Евертон) со 401,3, Абдулае Докур (Вотфорд) со 394,7 и Бен Килвел од Лестер со истрчани 393,5 километри.

Scroll to Top