Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), објави дека челенките ќе го бојкотираат светското првенство, доколку ФИФА реши да се одржува на две години. Членки на КОНМЕБОЛ се Бразил, Аргентина и Уругвај, селекции кои заедно освоиле имаат девет трофеи.
„Нема причина за ваква промена. Тоа е против стогодишната традиција на еден од најважните спортски настани во светот. Сегашниот модел се покажа како успешен и поради тоа десетте членки на КОНМЕБОЛ потврдуваат дека нема да учествуваат на светските првенства доколку се организираат на секои две години“, се наведува во соопштението.
Планот на ФИФА е од 2026 година Мундијалите да се одржуваат на секои две години.
Покрај КОНМЕБОЛ, против оваа идеја се УЕФА и Интернационалниот олимписки комитет.