КОНМЕБОЛ им изрече жестоки казни на фудбалерите и тренерите на фудбалскиот клуб Бока јуниорс, поради инцидентите што ги предизвикаа по завршувањето на натпреварот со Атлетико Миеиро.
Аргентинците не можеа да се помират со елиминацијата од Копа Либертадорес. Драматичните два натпревари во четврт-финалето, ги добија бразилските фудбалери.
??? Dale hermano miralo a Villa, este pibe sigue jugando al futbol?
pic.twitter.com/PLtWJtUy5q— La Angilereta (@angilerista3) July 21, 2021
По мечот, играчите и тренерите на Бока јуниорс се обидоа физички да се пресметаат со домаќините, обезбедувањето и полицијата. Во еден момент се обидоа и да влезат во соблекувалната на Атлетико Минеиро.
Аргентинците физички се пресметаа со обезбедувањето кои ја спречи нивната намера.
По инцидентот неколку фудбалери на Бока јуниорс завршија во полициска станица. Неколку часа по инцидентот тие го напуштија Бразил.
Шест натпревари суспензија добија Себастијан Виља и Кристијан Павон, пет натпревари ќе пропушти Маркос Рохо, четири Карлос Искиердос. Три односно два натпревари, наредната сезона во Копа Либератадорес ќе пропуштат Диего Гонзалес и Карлос Замбрано.
Marcos Rojo picked up a fire extinguisher during a post-match brawl after Boca Juniors were knocked out of the Copa Libertadores on penalties ?
(via @flaviocaldeira) pic.twitter.com/VUk5Lfixiw
— ESPN FC (@ESPNFC) July 21, 2021
Помошникот тренер, Лаендро Сомоза, доби шест, а тренерот на голманите Фернандо Гајосо три натпревари суспензија.
КОНМЕБОЛ жестоко ги казни членовите на Управниот одбор на Бока јуниорс, Раул Каскини и Марсело Делгадо. Тие добија две годишни суспензии.
Покрај супензиите што ги подели, КОНМЕБОЛ ја казни Бока јуниорс и парично со 260.000 долари.