УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор смета дека може да постигне „големи работи“ во фудбалот, одговарајќи на прашањата за неговиот интерес за купување на дел од Манчестер јунајтед и Селтик.
ММА легендата е навивач на англискиот и шкотскиот клуб, и вели дека е подготвен да вложи дел од својот огромен финансиски потенцијал во клубовите, посебно откако склучи договор за неговото „Пропер 12“ виски вреден стотина милиони евра.
Тој беше меѓу првите кои ги поддржаа протестите на навивачите на Јунајтед пред „Олд Трафорд“, јавувајќи се на твитер дека би сакал да го купи славниот клуб.
„Искрено, прво дојде идејата да се купи Селтик. Да се добијат акции од Дермот Дезмонд, а сериозен сум од добивање на акции од некој фудбалски клуб во дел од мојот живот. Селтик и Манчестер јунајтед се клубови кои навистина ги сакам и отворен сум за понуди. Мислам дека можам да донесам многу за еден фудбалски клуб“, вели Мекгрегор.
Ирскиот финансиер Дермот Дезмонд е најголемиот акционер во шкотскиот Селтик, и лично ги бираше менаџерите на „Паркхед“ од Мартин О’Нил во 2000. Тие имаа фантастичен успех до оваа сезона, кога по девет години, нивните лути ривали Ренџерс ја освоија титулата.