Сержо Консеисао, тренерот на Порто го обвини својот колега, Томас Тухел дека синоќа по завршувањето на реванш четвртфиналниот дуел од ЛШ меѓу Челси и Порто го пцуел на англиски јазик.
Порто на неутрален терен во Севилја славеше со 1-0, но испадна затоа што претходно загуби со 2-0 на својот „Драгао“.
Консеисао беше видно нерасположен по дуелот, и тврди дека Тухел му рекол „оде.и“ по вербалниот судир.
И дефанзивецот Пепе влезе во дуел со Тухел, па еден од обезбедувачите на мечот ги раздвојуваше.
Консеисао порача:
„Ме навередуваше. Мојот англиски не е совршен, но нема потреба да зборувам за тоа. Немам поим зошто ме нападна. Не разбрав се баш најдобро, чув само некои навреди, но сега тоа е минато“ рече Консеисао.
Тухел се обиде да ја „ублажи“ работата:
„Беше тоа мала расправија меѓу мене и нивниот тренер, се се случи изненадувачки. Нема проблеми“.