Top Sport

Конте бара Интер да му го донесат Канте

Антонио Конте побарал управата на Интер да го донесе Н’Голо Канте од Челси, а клубот се надева дека ќе добие договор за позајмица со обврска за купување за 50 милиони евра.

По состанокот со претседателот Стивен Жанг оваа недела, Конте добива целосна слобода околу трансферите, нешто што го бараше претходно од кинескиот газда. Поради негово барање, Интер се откажал од Сандро Тонали од Бреша, кој ќе заврши во Милан, а во исто време го поставиле Кристијан Ериксен на продажба.

Конте преферира поискусни фудбалери во својот тим, како Артуро Видал од Барселона и Танги Ндомбеле од Тотенхем, но прва цел му е Канте, кого го донесе во Челси од Лестер за 36 милиони евра во 2016 година.

29-годишниот Канте нема стартно место кај Френк Лампард, кој пак инсистира на помлади фудбалери, и се верува дека „сините“ ќе се согласат на трансфер за вистинска цена од околу 50 милиони евра, тврди „Тутомеркато“.

Scroll to Top