Top Sport

ТдФ: Алафилип со победа и жолтата маичка во Ница

Жулијан Алафилип, миленикот на француската јавност, ја облече лидерската жолта маичка на Тур де Франс по победата на втората етапа околу Ница во неделата по 186 километри.

Алафилип, кој изненадувачки беше лидер на минатогодишната трка 14 дена, се одвои на осум километри од невообичаено раната планинска етапа, за да ги победи Швајцарецот Марк Хирши и Британецот Адам Јејтс во последните 200 метри од трката. Тој ја презема лидерската маичка од победникот на првата етапа, Норвежанецот Александер Кристоф поради бонусите поради триумфот и сега има четири секунди предност пред Јејтс.

Исто како и минатата година, Алафилип не е еден од фаворитите за победата во генерален пласман во тринеделната најголема велосипедска трка на светот, која оваа година поради корона вирусот ќе заврши во септември. Главните фаворити, вклучувајќи го и актуелниот шампион Еган Бернал заостануваат 17 секунди зад Алафилип.

Тур де Франс продолжува утре со најдолгата рамна етапа од Ница.

Scroll to Top