Антонио Конте вели дека и покрај тоа што многумина сметаа дека е невозможно тој да стане тренер на Интер откако беше главен човек на Јувентус, било многу лесно да се изберат „нераѕурите“ како еден од клубовите со најголема традиција во спортот.
Интер ја имаше првата прес-конференција со новиот тренер Конте и со генералниот менаџер Бепе Марота и поранешниот прв човек на Челси беше директен.
„Да се избере Интер беше многу лесно, бидејќи имавме иста визија. Ја делиме истата амбиција, истата желба да направиме нешто важно, иако сите сме свесни дека патот ќе биде тежок и долг. Се работи за клуб со голема традиција, една од најголемите на светот, така што не беше компликувано да ја прифатам понудата. Јас сум личност која не поставува граници и сакам да работам така. Не е тајна дека има огромна разлика во моментов меѓу Интер и Јувентус, додека Наполи се постојани. Мораме да ја надминеме таа разлика со голема амбиција“, вели Конте.
Откако Марота изјави дека Конте е „нашиот најдобар играч“ за оваа сезона, Конте призна дека постои притисок.
„Верувам дека нашиот тим има темели за да се направи посебен тим. Ја чувствувам одговорноста кон тие кои ме избраа, кон клубот и кон навивачите. Подготвен сум да ја понесам таа одговорност. Ова е лето, време за зборување, но наскоро ќе дојде и време за работа. Мораме да бидеме безмилосни“, вели Конте.
Тој исто откри дека не ги исклучил Раџа Наинголам и Мауро Икарди бидејќи тоа била „одлука која веќе е направена“.
„Околу Икарди и Наинголан, клубот имаше доволно време да направи проценка и да донесе одлука. Јас ги поддржав“, завршува Конте.
? | CONFERENZAIn diretta dall’Inter HQ inizia la stagione sportiva 2019/20 dei nerazzurri#NotForEveryone #FCIM https://t.co/26avLqCqi8
— Inter (@Inter) July 7, 2019