Менаџерот на Челси, Антонио Конте признава дека одбраната на титулата од Премиер лигата е „невозможна“ по четвртиот пораз во 16 меча, овојпат против мотивираните Вест Хем.
Тимот на Дејвид Мојс стигна до важни три поени со голот на Марко Арнаутовиќ, по што „Сините“ не најдоа простор меѓу тесната одбрана на „чеканите“. Со поразот, Челси остануваат на 11 поени зад Манчестер сити, бројка која може да биде поголема по неделното дерби на Манчестер.
„Да се зборува за трката за титулата по овој пораз е навистина чудно. Посебно бидејќи сме поразени по четврти пат во 16 натпревари. Невозоможно е да мислиме дека сме во трката за титулата. Моето искуство вели дека ако сакате трофеј во првиот дел од сезоната смеете да загубите еднаш или двапати“, вели Конте.