Top Sport

Конте до Ериксен: Италија не е Англија, овде очекувањата се големи

Тренерот на Интер Антонио Конте по синоќешниот натпревар со Торино го критикувал Крисијан Ериксен. Данецот во јануарскиот преоден рок од Тотенхем пристигна во Интер.

Ериксен не го започна натпреварот против Торино кој Интер го доби со пресврт во второто полувреме (3:1). Новинарите се интересирале дали постои некој проблем со данскиот репрезентативец.

„Потребно е да го одржи балансот и секогаш да игра на највисоко ниво. Очекувањата во Италија се големи, јасно му е дека дојде во клуб со големи амбиции. Работев во Англија, таму ситуацијата е многу полесна многу помирна него тука. Тој е посветен и работи добро, а јас морам да ги носам најдобрите одлуки за клубот. Имаме добар тимски дух, но мораме да го подигнеме квалитетот на играта“, рекол Конте.

Интер се наоѓа на второто место во Серија А со 68 бода, осум помалку од лидерот Јувентус.

Scroll to Top