Top Sport

Конте: Е…о сум лут

Тренерот на Интер Антонио Конте по поразот од Борусија во Дортмунд, рекол дека мечот покажал дека во клубот лошо се работело и планирало во текот на летото. Изјавата на тренерот чии тим имаше 0:2 на полувремето и на крајот беше поразен 3:2 е упатена дирекно кон клупските челници.

По поразот во Дортмунд Интер се наоѓаат во тешка ситуација во однос на конкурентите. Интер се на четири бода, три помалку од Борусија и четири од Барселона.

„Разочаран сум. Има премногу алиби приказни, не сакам да иницирам нови. Се надевам дека овој меч ќе им ја разјасни ситуацијата на оние што треба да разберат. Момците одат 100 на сат и можам само да им се заблагодарам за она што го прават. Повеќе од ова не можат. Ме нервира сето ова и се надевам дека истото важи и за моите играчи. Смачено ми е да ги повторувам истите работи. Се надевам дека директорот (Бепе Марота) ќе дојде и ова ќе го каже место мене“, рекол Конте и потоа проговорил и за евентуалните засилувања во јануарскиот преоден рок.

„Ми е гајле за јануари или февруари. Моравме оваа сезона да ја испланираме многу, многу подобро. Докажавме дека можеме да играме со секого кога сме во форма, но овие играчи се на теренот нон-стоп. Не можеме да играме во Серија А и Лигата на шампионите, не можеме стално да ги туркаме играчите преку нивните лимити. Тоа и сами ќе го заклучите по играта во второто полувреме. Мораме заедно да работиме, направени се големи грешки“, потенцирал тренерот на Интер, а потоа порачал.

„Навистина сум е…о лут. Не можеме повеќе од ова. Удривме во плафонот“.

Фудбалерите на Интер во наредната рунда во Лигата на шампионите ќе гостуваат кај Славија.

Scroll to Top